Дома Фудбал Гвардиола откри што му кажал на Зидан во разговорот по натпреварот

Гвардиола откри што му кажал на Зидан во разговорот по натпреварот

По натпреварот помеѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид на „Етихад“ беше забележана сцена во која двајцата големи стратези Зинедин Зидан и Пеп Гвардиола останаа да разговараат.

Зидан и Гвардиола разговараа десетина минути и така ја демонстрираа блискоста и пријателството кое го има помеѓу нив.

На пресот по натпревар Гвардиола доби прашање за што двајцата разговарале.

„Во разговорот му честитав за титулата во Ла Лига и го прашав за семејството. Навистина го почитувам и се надевам дека еден ден ќе вечераме заедно затоа што имаме многу работи за кои сакам да зборуваме“, изјави Пеп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Габала на Беќири му го затвори патот до врвот на Карабах

Јетон Беќири ја водеше Габала до реми без голови против Карабах. По првенствената и куп-по…