Шпанскиот тренер Пеп Гвардиола испадна вистински господин откако тренерот на Челси, Сари не сакаше да се поздрави со него после поразот на Етихад од 6:0.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
После натпреварот Гвардиола му подаде рака на својот колега од другата страна, но Сари само помина покрај него.
Сепак, Пеп после натпреварот рече дека италијанскиот стручњак веројатно не го видел.
„Не ме виде. Имам добар однос со него, немаме проблеми.“ – изјави Пеп и додаде:
„Тие не победија на Стемфорд Бриџ. Луѓето не разбираат колку е тешко. Во мојата прва сезона во Англија исто така беше тешко. Потребно е сопствениците на клубот да ви веруваат.“
FROSTY! Maurizio Sarri wasn’t for shaking Pep Guardiola’s hand after that defeat ?? pic.twitter.com/Ozh1CAHf3a
— Soccer AM (@SoccerAM) February 10, 2019