Дома Трансфер зона Гвардиола замената за Сане ја најде во Барнли

Гвардиола замената за Сане ја најде во Барнли

Лерој Сане е на излезна врата и кариерата најверојатно ќе ја продолжи во Баерн Минхен, па Гвардиола веќе ја започна потрагата по негов наследник.

Како што пренесуваат англиските медиуми, Гвардиола како засилување на таа позиција сака да ја донесе младата ѕвезда на Барнли, Мек Нил.

20-годишниот Англичанец оваа сезона се етаблираше како голем потенцијал и на 33 меча постигна 2 гола и запиша шест асистенции.

Крилниот напаѓач ја помина академијата на Манчестер Јунајтед, а од 2014 година се пресели во Барнли.

Неговата цена во моментов изнесува околу 20 милиони евра, сума која „граѓаните“ се спремни да ја платат.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Сане пристигна на лекарски прегледи!

Повеќе нема дилеми Лерој Сане заминува од Сити после четири години. Сане на „Етихад“ прист…