Дома Топ вести Гвардиола добива 170 милиони – еве како ќе ги потроши!

Гвардиола добива 170 милиони – еве како ќе ги потроши!

Манчестер Сити донесе големи засилувања во летниот преоден рок и под водство на Гвардиола игра олдично оваа сезона, но раководството на „граѓаните“ не планира да застане.

Имено, англиските медиуми тврдат дека Гвардиола во јануари ќе добие 170 милиони евра, кои главно ќе ги потроши за засилувања во одбраната.

Прва мета е десниот бек на Арсенал, Екотр Белерин чија цена се проценува на 45 милиони евра. За него е заинтересирана и Барселона, но тој преферира преселба на „Етихад“ бидејќи сака да соработува со Гвардиола.

Шпанскиот стратег сака да донесе уште еден стопер, а главна мета останува Леонардо Бонучи. Сити се обиде во летниот преоден рок да го донесе Италијанецот и понуди 50 милиони евра, но „старата дама“ ги одби. Сепак се шпекулира дека за понуда од 65-70 милиони евра „бјанконерите“ ќе се согласат на негова продажба.

Гвардиола сака уште еден напаѓач во тимот, а најголема желба е Обамејанг од Борусија Дортмунд. Африканскиот напаѓач призна дека Манчестер Сити веќе го контактирале неговиот агент, а трансферот би изнесувал 65 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сити нова опција за Влаховиќ: Пеп го сака уште во јануари!

Meдиумите на Островот пишуваат дека Пеп Гвардиола е воодушевен од квалитетите и потенцијал…