Дома Фудбал Гвардиола: Борусија и Сити не ми дозволуваат да зборувам за Халанд

Гвардиола: Борусија и Сити не ми дозволуваат да зборувам за Халанд

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола индиректно ја потврди веста за трансферот на Ерлинг Халанд.

Гвардиола денес на пресконференцијата се обиде да ја обиколи темата за Халанд и изјави дека двата клуба не му дозволуваат да зборува за Норвежанецот.

Уште вчера сите релевантни медиуми ја потврдија веста дека е постигнат договор и дека Халанд веќе ги минал лекарските прегледи во Манчестер Сити.

„Сите знаеме каква е ситуацијата. Не треба да зборувам бидејќи не сакам да зборувам за иднината и за следната сезона. Борусија и Сити ме рекоа дека не ми е дозволено да зборувам додека не биде се официјализирано. Ќе има време да зборуваме“, изјави Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лацио броеше до шест: Ни два одбранети пенала не го спасија Сасуоло!

Лацио го растури Сасуоло со 6-2, а Турати спречи уште потежок пораз со два одбранети пенал…