Дома Фудбал Италија Гасперини: Тоа што постигнуваме многу голови не значи дека ги понижуваме противниците

Гасперини: Тоа што постигнуваме многу голови не значи дека ги понижуваме противниците

Џан Пјеро Гасперини и неговата Аталанта вчера со убедливи 6-2 ја декласираа Бреша во 33. коло од италијанската Серија А и така го преземаа второто место во првенството.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Најдобар фудбалер беше Марио Пашалиќ, кој постигна хет-трик, а по еден гол уште постигнаа Мартен де Рон, Руслан Малиновски и Дуван Запата.

„Убаво, зарем не? Многу голови“, изјави Гасперини откако новинарот му кажа дека никој уште од 1958 година не постигнал 93 гола на 33 меча.

„Постигнувавме многу голови и минатата сезона, но оваа се надминавме. Тоа не го направивме за да го понижиме противникот, туку да вежбаме нови потези. Токму тоа ни носи голови“, вели Гасперини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Скандал на Мундијалот: Тепачка среде прес-конференција (Видео)

Во пресрет на првото четвртфинале, кое во четврток од 22 часот ќе го играат Франција и Мар…