Дома Фудбал Газдата на Интер им вети богата премија на фудбалерите ако ја освојат Лигата на шампионите

Газдата на Интер им вети богата премија на фудбалерите ако ја освојат Лигата на шампионите

Се поблиску сме до финалето во Лигата на шампионите во кое силите ќе ги одмерат Интер и Манчестер Сити. Со оглед на форма фаворит е англискиот гигант, но секако дека Италијанците нема предвреме да се откажат.

Италијанските медиуми пренесуваат дека газдата на Интер им ветил бонус од дури 10 милиони евра на фудбалерите за освојување на најпосакуваниот европски клупски трофеј.

Интер последен пат ја освои Лигата на шампионите пред 13 години кога од клупата беа предводени од Жозе Мурињо, а дел од тимот беше и македонската фудбалска легенда Горан Пандев.

Ретко кој очекуваше „нероаѕурите“ сезонава да стигнат до финалето, а сега имаат шанса и да го повторат големиот успех од таа 2010-та.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Невремето го менува фудбалскиот распоред: УЕФА одложи натпревари во Португалија

Бурата Чарлс донесе предупредувања за силен ветер и обилни врнежи, поради што УЕФА одложи …