Дома Фудбал Втор тренерски отказ после првото коло од ЛШ

Втор тренерски отказ после првото коло од ЛШ

Доменико Тедеско веќе не е тренер на Лајпциг, откако германскиот клуб реши да му даде отказ.

Лајпциг не ја започна сезоната според очекувањата, а капката која ја прели чашата секако е високиот пораз од Шахтјор во Лигата на шампиони (1:4).

„Лајпциг се раздели со Доменико Тедеско. Клубот го напуштија и асистентите Андреас Хинкел и Макс Урвантски. Лајпциг во догледно време ќе го објави неговиот наследник“, стои во соопштението на клубот.

 Германските медиуми пишуваат дека на тренерското столче на Лајпциг ќе седне Марко Розе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Италија доби болна лекција, „Газета“ ги избра шесте столба за Мундијалот 2030

По поразот од Белгија со 1-4 и елиминацијата од Лигата на нациите, „Газета дело спорт“ пос…