Селекторот на Белгија, Доменико Тедеско го продолжи договорот со националната фудбалска федерација до крајот на Светското првенство, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
Претходниот договор на германско-италијанскиот стручњак истекуваше по ЕП 2024 година, па двете страни се договорија да го продолжат до завршувањето на СП 2026 .
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„За мене е привилегија да бидам селектор на Белгија. Сите во стручниот штаб уживаме во оваа работа. Многу сум задоволен што ќе го продолжиме патот кој заеднички го избравме“, изјави Тедеско.
Белгија со Тедеско заврши прва во групата Ф во квалификациите за ЕП 2024 без пораз.