Дома Македонски спорт Мак фудбал Врвниот шпански судија ќе и суди на Македонија

Врвниот шпански судија ќе и суди на Македонија

Репрезентацијата на Македонија во недела му гостува на лидерот во групата, репрезентацијата на Полска, а мечот ќе го суди еден од најдобрите европски судии, Антонио Матеу Лахоз.

Европската фудбалска асоцијација делегира познат и искусен судија за мечот што е од исклучително значење за двата тима. Матеу Лахоз досега и нема судено на македонската репрезентација.

Овој 42-годишен арбитар цела деценија редовно ги суди дербијата во шпанската лига, судеше на ланското Светско првенство во Русија, а во мај годинава го повикаа да суди на дербито од ерменската лига, бидејќи клубовите Пјуник и Арарат немаа доверба во домашните судии. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Седлоски без Стојчевски за ноемвриските дуели со Шкотска и Словенија

Повреда во пределот на препоните ќе го оддалечи Андреј Стојчевски од терените меѓу четири …