Дома Фудбал Останато Во 2005 година се било поинаку: Рој Кин го преплашил Пике само поради еден мобилен телефон

Во 2005 година се било поинаку: Рој Кин го преплашил Пике само поради еден мобилен телефон

0

Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике даде интересно интервју во кое се потсети на една ситуација од соблекувалната на Манчестер Јунајтед.

Пике тогаш имаше само 18 години, седел во соблекувалната покрај имиња како Рајан Гигс, Руд Ван Нистерлој и Рио Фердинанд, но најмногу го запаметил Рој Кин.

Младиот Пике со себе носел мобилен телефон и заборавил да го исклучи, а кога заѕвонел Кин полудел.

„Тоа беше еден од моите први натпревари за Манчестер Јунајтед. Бевме во соблекувалната, се спремавме, а јас бев нервозен. Имав само 18 години, седев покрај Фердинанд, Гигс и Нистерлој. Сакав да бидам „невидлив“. Си кажав себе си само одработија работата незабележително и тоа е тоа“.

„Седевме и чекавме да дојде Фергусон за да ни се обрати пред натпреварот. Седев веднаш до Рој Кин. Соблекувалната беше толку мала што нозете ни се допираа. Беше многу тивко, се можеше да се слушне. Тогаш се слушна некоја вибрација. Рој почна да се врти. Сфатив дека ми ѕвони телефонот. Го оставив на вибрации во моите фармерки. Рој не можеше да сфати од каде доаѓа вибрацијата. Започна да се врти како манијак. Викаше на цел глас: Чиј е тој телефон? Тишина. Повторно праша. Тишина: Праша и трет пат: Чиј е тој е*ен телефон!?“.

„Конечно собрав сила да прозбрам како мало дете: Жал ми е, мој е. Рој полуде, дивееше пред сите. Беше неверојатно. Но, тоа беше добра лекција“.

„Денес во 2019 година се е поинаку. Сите имаат телефони пред натпреварот. Но тогаш во 2005 година светот беше поинаков. Не смеевте да внесете вклучен телефон во соблекувалната. Посебно не во Јунајтед и не кога Рој е во соблекувалната“, се потсети Пике.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Азар им одговори на оние кои тврдат дека е дебел (ВИДЕО)

Белгиецот Еден Азар кој ова лето пристигна во Реал не можеше да дебитира во Ла Лига поради…