Еминентниот шпански весник „El Confidential“ денес лансираше вистинска „бомба“ и пренесе дека претседателот на Реал, Флорентино Перез сака да го донесе Лионел Меси на „Сантиаго Бернабеу“.
Според овој извор, Перез ја следи ситуацијата околу преговорите помеѓу Меси и Барселона и бил подогтвен да реагира доколку Аргентинецот не го продолжи договорот.
Меси сеуште не потпишал нов договор, поради што неговото име се поврзува со неколку европски гиганти, додека од Барселона велат дека е само прашање на време кога двете страни ќе се договорат.
Перез и во минатото неколку пати се обидуваше да го донесе Аргентинецот во Реал, но сепак тешко е да се поверува дека можно е да се случи такво нешто.
Сепак, кога е во прашање фудбалот, особено Реал Мадрид се е можно!