Дома Македонски спорт Во Тетово ќе се гради нов стадион вреден десет милиони евра

Во Тетово ќе се гради нов стадион вреден десет милиони евра

На денешната прес-конференција, градоначалникот на Тетово, Билал Касами најави дека наскоро ќе се гради нов стадион во овој град.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во следните денови ќе биде објавен тендерот на кој треба да се избере името на изведуѕвачот кој ќе биде огромна обврска и одговорност.

„Наскоро ќе дознаеме кој ќе го гради новиот стадион. Знам дека ќе биде модерен и според сите стандарди на УЕФА со цел Шкендија да може да игра европски натпревари тука. Исто така тоа се однесува и на репрезентација на Македонија“, изјави Касами.

Според најавите стадионот во Тетово ќе има капацитет од 10.000 до 12.000 седишта. Целиот проект би требало да чини околу 10 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …