Дома Трансфер зона Во ПСЖ е непотребен, во Јунајтед ќе биде засилување на годината

Во ПСЖ е непотребен, во Јунајтед ќе биде засилување на годината

Пари Сент Жермен ќе мора да продава во зимскиот преоден рок за да ги задоволи параметрите на Финансискиот фер-плеј од УЕФА.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Поради тоа неколку фудбалери на „светците“ се на трансфер листа, а според пишувањето на англиските медиуми Жозе Мурињо е силно заинтересиран за еден од нив.

Имено, „Телеграф“ тврди дека „Специјалниот“ сака на „Олд Трафорд“ да го донесе Лукас Моура, бидејќи сака да го засили офанзивниот дел од тимот.

Лукас оваа сезона е во втор план во ПСЖ и сигурно ќе ја промени средината, но „светците“ за неговата слобода бараат помеѓу 30 и 40 милиони евра.

Се уште не е јасно дали Мурињо е спремен да ја плати оваа сума, а можно е Бразилецот да пристигне на позајмица до крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…