Дома Фудбал Во Манчестер никогаш полошо: Санчез добил услов кој мора да го исполни ако сака да заигра!?

Во Манчестер никогаш полошо: Санчез добил услов кој мора да го исполни ако сака да заигра!?

Aтмосферата во соблекувалната на Манчестер Јунајтед е навистина лоша и прашање е дали ќе биде подобра додека Мурињо е во клубот.

Португалецот ја губи контролата над тимот и познато е дека има лош однос со едни од своите најдобри играчи Пол Погба и Алексис Санчез. За Погба е познато од поодамна, но изненадија случувањата со Санчез.

Чилеанецот воопшто не беше во конкуренција за натпреварот против Вест Хем иако допоатува во Лондон, Мурињо во последен момент одлучи да го испрати на трибините, а наводно пред тоа имал разговор со напаѓачот во соблекувалната.

Англиските медиуми пренесуваат дека на Мурињо не му се допаднало однесувањето на Алексис и одлучил да го казни со неиграње. Таблоидот „Сан“ денес објави дека

Мурињо на вчерашниот тренинг на Санчез му порачал дека ќе се врати во тимот тогаш кога нема да биде арогантен и безобразен кон него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холандија ја растури Грција со 7-0: Хет-трик на Рејндерс!

Рејндерс постигна три гола до 33. минута, Тимбер додаде два, а Холандија ја испрати Грција…