Светското фудбалско првенство кое ќе се игра на крајот на оваа година е се поблиску, а сега е соопштено дека во Катар ќе можат да влезат и невакцинирани лица, но само ако пет дена поминат во изолација.
Со оглед на тоа дека има фудбалери во репрезентациите кои не примиле вакцина од ФИФА потврдија на кој начин тие ќе можат да учествуваат. Правилото е исто за сите, без разлика дали сте фудбалер, навивач или нешто друго ако не сте вакцинирани ќе морате да поминете пет дена во изолација пред слободно да функционирате во државата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ваквата одлука би можела да предизвика реакции затоа што ќе значи промена во плановите за пристигнување на репрезентации во Катар.
Мундијалот во Катар започнува на 21. ноември, а ќе заврши на 18. декември. И онака распоредот во на екипите беше проблем за Мундијалот останува да видиме како сега ќе се организираат репрезентациите.