Дома Топ вести Во Барселона тврдат: Бројките не лажат – Меси е подобар од Роналдо

Во Барселона тврдат: Бројките не лажат – Меси е подобар од Роналдо

0

Напоредно со ривалитетот на Кристиано Роналдо и Лео Меси на теренот, продолжува и оној помеѓу медиумите од Мадрид и Барселона.

Денешното издание на каталонски „Спорт“ објави дека напаѓачот на Барселона останува пред својот ривал од Реал Мадрид по ефикасност.

Оваа сезона Португалецот има постигнато неверојатни 37 гола на 35 меча, што статистички значи дека постигнува 1.05 гола по натпревар, додека Меси е со 0,81 гола по натпревар (35 во 43 меча).

„Бројките не лажат. Роналдо останува далеку оние 1,21 гола по меч (73 на 60 меча) кои Меси ги имаше во сезоната 2011/12“, тврди каталонски „Спорт“.


Следете го Sportski.mk и на


Весникот тврди дека ѕвездата на Барселона е поефикасен и во Лигата на шампиони, каде Роналдо е рекордер по постигнати голови. Таму коефициентот на Португалецот е 0,79, додека тој на Меси изнесува 0,81.

Меѓутоа, од почетокот на 2018 година Португалецот е како прероден со 1,61 гола по натпревар, додека Меси има коефициент 0.88.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Се чека само официјализација – ЕУРО 2024 ќе се игра во Германија

УЕФА во текот на следната седмица треба да го соопшти домаќинот за Европското првенство 20…