Дома Фудбал Водителот до Пике: Колку пати имаше се*с месецов? Пике: Се сметаат ли натпреварите на „Бернабеу“? (ВИДЕО)

Водителот до Пике: Колку пати имаше се*с месецов? Пике: Се сметаат ли натпреварите на „Бернабеу“? (ВИДЕО)

Жерар Пике вчера гостуваше во една шпанска ТВ емисија, а разговорот помеѓу него и водителот беше исклучително опуштен и со многу хумор.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Меѓутоа некои негови одговори на најголемите ривали на Барселона не им беа баш смешни.

Имено, стоперот на Барселона го искористи своето гостување во „Ла Ресистенција“ да испрати мали провокации на сметка на Реал Мадрид и градскиот ривал на својот тим, Еспањол.

Водителот на емисијата така во еден момент го праша Пике колку пати во последниот месец имал се*с, на што искусниот стопер одговори со прашање алудирајќи на победите на Барселона против Реал.

„Се сметаат ли натпреварите на „Сантијаго Бернабеу“.

Тука не запре Пике, па се потсети и на Еспањол. На прашањето колку пари има Пике порача:

„Имам многу повеќе пари отколку што изнесува буџетот на Еспањол за оваа година. Не, не само 57 милиони евра, многу повеќе“.

Зборуваше Пике и за смислата на хумор на Лионел Меси и многу други работи, а се потсети и на Златан Ибрахимовиќ.

„Тој е човек кој сака пари повеќе од било кој на планетата. Во една прилика ни кажа дека парите не се најважната работа во светот, ние на тоа не одговоривме ништо, а потоа ја заврши реченицата заклучувајќи дека најважна работа е да имаш многу пари“, откри Пике.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голманот на Мароко против Холандија ја изведе најгенијалната одбрана на пенал во историјата на фудбалот (Видео)

Мароко во 1/16 финалето на Светското првенство ја елиминираше Холандија по подобро изведув…