После четири месеци од денес и официјално спортот во Македонија се враќа.
Владата на денешната седница донесе одлука за престанување на забраната за одржување на спортски натпревари во државата.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Ова се однесува на сите колективни спортови без разлика дали се играат во сала или на отворено. Одлуката значи и дека спортистите кои своите спортови ги играат во сала конечно ќе можат да почнат со нормалните активности и тренинзи. Некакви протоколи сепак ќе има и тие дополнително ќе бидат објавени во Службен весник.
Забраната за присуство на публика се уште е на сила.