Тимот на Виљареал оваа сезона беше најголемото изненадување во Лигата на шампионите, „Жолтата подморница“ стигна до полуфиналето од каде што беше елиминирана со достоен пораз од Ливерпул.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Виљареаел пред полуфиналето со Ливерпул ги елиминираше Јувентус и Баерн Минхен, а статистичарите забележаа еден интересен податок. Имено, Виљареал во натпреварите против трите европски гиганти има седум директни шута кон голот и сите тие завршиле во мрежата.




Против Јувентус постигнаа три, на Баерн во двомечот два и два на Ливерпул. Шпанскиот претставник вчера најави ново чудо откако на полувремето водеше со 2:0, но сепак во вториот дел Ливерпул ги презема работите во свои раце и го сврте резултатот.