Дома Видео Вистинско лудило во Сао Паоло, пристигна легендарниот Дани Алвеш

Вистинско лудило во Сао Паоло, пристигна легендарниот Дани Алвеш

Дани Алвеш пристигна во Сао Паоло и предизвика вистински хаос на аеродромот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


После 17 години во Европа, во кои стана апсолутен рекордер по бројот на освоени трофеи, легендарниот десен бек се враќа дома.

Алвеш со бразилскиот великан постигна договор на три години, а наскоро ќе биде и официјално потврдено.

Тој во Европа имаше богата и успешна кариера, а покрај Барселона играше уште и за Севиља, Јувентус и ПСЖ.

Освои дури 43 трофеи, а во Сао Паоло ќе се обиде да ја зголеми бројката. На аеродромот му беше приреден спектакуларен пречек од страна на навивачите, што секако се и очекуваше.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Reакцијата на Инфантино по голот на Египет може да биде предмет на нов скандал на Мундијалот

Натпреварот меѓу Аргентина и Египет на Светското првенство донесе вистинска фудбалска драм…