Дома Фудбал „Винисиус Жуниор е најдобриот фудбалер во светот“

„Винисиус Жуниор е најдобриот фудбалер во светот“

Легендата на Реал Мадрид, Гути смета дека Винисиус Жуниор во овој момент е најдобар играч во светот.

Бразилецот игра одлично и оваа сезона, беше асистент за Бензема и вчера против Челзи. Бројките зад Бразилецот се импресивни постигна 21 гол и забележа 16 асистенции на 45 натпревари.

„Винисиус е најдобар играч на светот. Зошто? Затоа што во тој е најлошиот можен офанзивец со кој дефанзивците можат да се соочат. Секогаш се обидува да помине, никогаш не се откажува. Останатите ѕвезди имаат некогаш лош натпревар и ги нема во натпреварите, а Винисиус секогаш е тука, тој секогаш прави се и е опасен 90 минути“, изјави Гути.

Според многумина Винсиус Жуниор е еден од главните кандидати во иднина за освојување на „Златната топка“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бод ја носи Италија понатаму, но Манчини не сака калкулации против Белгија

Италијанците со реми ќе обезбедат четвртфинале во Лигата на нации, но Манчини бара победни…