Дома Останати Тенис Вимблдон: Федерер не престанува да воодушевува, видовте ли што направи денес?

Вимблдон: Федерер не престанува да воодушевува, видовте ли што направи денес?

Победата беше очекувана, но начинот е имприсивен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Најтрофејниот тенисер во светот Роџер Федерер продолжи со победите на Вимблдон. После стартната победа над Душан Лајковиќ, Швајцарецот денес му одржа лекција на Словакот, Лукаш Лацко.

Без никаква неизвеснот, после нешто повеќе од час и половина борба, Федерер овој меч го доби со 3:0 во сетови (6:4, 6:4, 6:1) и така се избори за четвртфинале.

Во првите два сета на Федерер му беше доволен по еден брејк, а во третиот отпорот на Словакот значително ослабе и Швајцарецот во тој дел од играта му препушти само еден гејм.

Но, она што долго ќе се памети, се совршените сервис гејмови на Федерер, па во текот на вториот и почетокот на третиот успеа да добие седум гејмови во низа на свој сервис – БЕЗ НИТУ ЕДЕН ИЗГУБЕН ПОЕН!

После овој триумф, Федерер во третото коло ќе игра против Германецот Јан-Ленард Штруф.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Сабаленка објави фотографии во провокативен костим и ги воодушеви фановите (Фото)

Најдобрата тенисерка на светот, Арјна Сабаленка, објави фотографии од снимањето за списани…