Дома Тенис Вимблдон: Мугуруса во полуфиналето!

Вимблдон: Мугуруса во полуфиналето!

Шпанската тенисерка Гарбиња Мугуруса е полуфиналистка на Вимблдон откако денес во четвртфиналето ја совлада Русинката, Светлана Кузњецова со 2:0 во сетови, 6:3 и 6:4.

Дуелот од четвртфиналето помеѓу пенаесетата и осмата тенисерка во светот траеше еден час и 17 минути.

Мугуруса која минатата година испадна во второто коло на Вимблдон за победа и беше доволен по еден брејк во двата сета.

Финалистката на Вимболдон од 2015 година за пласман во финалето ќе се бори против подобрата од дуелто помеѓу Коко Вендвеј и Магдалена Рибарикова.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Милиќ експресно до четвртфинале во Јапонија, сега го чека првиот носител

Деветнаесетгодишниот српски тенисер загуби само три гема во Мацујама, а за полуфинале ќе с…