Дома Фудбал Останато Вилијан: Сакам да играм уште 300 натпревари за Челзи

Вилијан: Сакам да играм уште 300 натпревари за Челзи

0

Бразилецот Вилијан го одигра 300. натпревар во дресот на Челзи, во кого пристинга од Русија уште во 2013. година.

Вилијан веќе со години е една од главните движечки сили во екипата на Челзи, а неодамна го забележи и 300. настап во дресот на „Сините“.

„Секогаш верував дека ќе можам да одиграм голем број на натпревари за клубот. Сепак, не беше лесно да се дојде до ова достигнување, особено кога играте за голем клуб каков што е Челзи. Горд сум на овој број, се надевам дека ќе одиграм уште 300 натпревари“, изјави Вилијан.

Бразилецот на Островот пристигна од Анжи во 2013. година, а во дресот на Челзи освои две Премиер Лиги, ФА Куп, Лига Куп како и трофеј во Лигата на Европа.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фиорентина сака да го замени Монтела со Спалети

Раководните луѓе на Фиорентина не се задоволни со резултатите на тимот од почетокот на сез…