Дома Фудбал Видовитиот Серхио Рамос – го предвиде судирот со Баерн Минхен!

Видовитиот Серхио Рамос – го предвиде судирот со Баерн Минхен!

Во полуфиналето од Лигата на шампионите силите ќе ги одмерат Реал Мадрид и Баерн Минхен.

Ждребот ги спои овие два тима и сигурно дека не очекува интересен двомеч. По извлекувањето на паровите на интернет се појави твит на Серхио Рамос, стар околу десет месеци.

Рамос тогаш преку својот профил испратил порака до Хамес Родригез и некако ја „предвидел“ нивната средба.

„Панита, ти посакувам се најдобро, освен кога ќе се сретнеме во Лигата на шампионите, секако. Среќно, Хамес“, напиша тогаш Рамос.

Судбината десет месеци подоцна навистина ги спои Реал и Баерн во полуфиналето од најелитното европско натпреварување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Повторно заедно по 23 години: Матеус на вечера со хероите на Партизан

Лотар Матеус се сретна со Саша Илиќ, Игор Дуљај и Ивица Илиев во Белград, а спомените од и…