Дома Фудбал ВИДЕО Шоуто на Халанд во првиот натпревар од Премиер лигата. Постигна два гола во победата над Барнли

ВИДЕО Шоуто на Халанд во првиот натпревар од Премиер лигата. Постигна два гола во победата над Барнли

МАНЧЕСТЕР СИТИ го победи Барнли со 3:0 во првиот натпревар од новата сезона во Премиер лигата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Актуелниот шампион поведе веќе во четвртата минута, а стрелец беше Ерлинг Халанд.

Де Брујн нафрли од десната страна и на подалечната статива го пронајде Родриго, кој со глава ја упати топката за Норвежанецот.

Халанд ја смести топката во мрежата уште со првиот допир на натпреварот.

Половина час подоцна го зголеми водството. Одлична топка од Алварез во шеснаесетникот за Халанд, кој со левата нога фантастично го погоди горниот агол, каде топката се одби од гредата и заврши во мрежата.

Ова е втора сезона за Халанд во Манчестер Сити откако дојде од Борусија Дортмунд, а во првата ја освои Лигата на шампионите, Премиер лигата и ФА Купот.

Норвешката ѕвезда постигна неверојатни 52 гола на 53 настапи и додаде девет асистенции.

► Кликни OВДЕ за првиот гол на Халанд, A OВДЕ за вториот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нов кандидат излезе во прв план за нов тренер на Ливерпул!

Арне Слот би можел да ја напушти клупата на Ливерпул една година пред истекот на договорот…