Дома Фудбал Видео: Реал Мадрид без Роналдо до победа против Леганес – атрактивен гол на Бејл

Видео: Реал Мадрид без Роналдо до победа против Леганес – атрактивен гол на Бејл

Реал Мадрид во денешниот натпревар од Примера против Леганес стигна до победа од 2:1.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во натпревар во кој не настапи Кристиано Роналдо, Зидан го одмараше за реваншот против Баерн во Лигата на шампионите „кралевите“ стигнаа до победа.

Герет Бејл го доведе Реал Мадрид во водство уште во осмата минута од натпреварот и тоа со атрактивен погодок. За водство од 2:0 погоди Мајорал на истекот од првиот дел.

Во вториот дел после еден час игра Бресанац успеа да го совлада Кико Касиља за конечни 2:1.

Реал Мадрид веќе во вторник во рамките од Лигата на шампионите го очекува многу поважен натпревар против Баерн Минхен на домашен терен, додека наредниот викенд на програмата е „Ел Класико“.



Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ефектот од Светското првенство: “Само кажете колку барате за него, подготвени сме на сè”

Диоманде е играч којшто неколку екипи веќе долгу време го посакуваат во своите редови. Как…