Tимот на Горан Пандев денес стигна до победа во италијанското првенство во натпреварот против Фросиноне (1:2), а повторно на сцена стапи момчето кое пишува историја на стартот од сезоната, Криштоф Пиатек.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Младиот голгетер во првото полувреме постигна два погодоци и така стана првиот фудбалер после пауза од 69 години кој во Италија на стартот од сезоната постигнал осум погодоци во првите шест кола.
Претходно вакво нешто му успеало само на Карл Аге Хансен од Аталанта во сезоната 1945/50 година. Пандев на теренот во овој натпревар помина 68 минути.
Во останатите натпревари Фиорентина ја победи Аталанта со 2:0, додека Торино славеше на гостувањето во Киево со минимален резултат 0:1.
Претходно во теминот од 12:30 часот Болоња го победи Удинезе со 2:1.