Интер иако оваа сезона најави напад на Скудетото, повторно не успеа да стигне до трите бода, иако имаше предност од два гола против Торино.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Избраниците на Лучијано Спалети со погодоците на Перишиќ и Де Врај донесоа водство од 2-0, но во второто полувреме сликата се промени.
Најпрвин Белоти намали во 55-та минута, а Мејте во 68-та минута ги постави конечните 2:2, а голманот Сиригу со маестрална интервенција ги спаси „биковите“ од пораз.
Во второто коло водовме доминација на домашните екипи. Џенова на Горан Пандев го победи Емполи со 2:1. Фиорентина го понижи Киево со 6:1, додека Удинезе со минимални 1:0 го совлада Удинезе. Бодовите ги поделија Каљари-Сасуоло и Спал – Болоња