Фудбалерите на Барселона вчера стигнаа до седмата победа во исто толку натпревари во овосезонскиот шампионат на Шпанија, откако го совладаа Гетафе со 1:0. Стрелец на решавачкиот гол беше Роберт Левандовски во 20. минута од натпреварот, во кој Борха Мајорал имаше шанса да ја шокира Барса во самата завршница.
Мајорал долги години беше играч на Реал Мадрид, но поголемиот дел од времето како играч на тој клуб го мина на позајмица. Сепак, останува евидентирано дека за мадридскиот гигант одигра 33 натпревари со седум гола и четири асистенции. Тој стана играч на Гетафе во август 2022 година, откако таму помина половина сезона на позајмица.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Досега за Хетафе има постигнато 33 гола на 89 натпревари, а вчера беше блиску до постигнување на 34-ти со што на неговиот тим ќе му донесеше бод во мечот против лидерот во шампионатот и ќе ја прекине перфектната серија на почетокот на сезона.
Се играше во 94. минута кога Хуан Иглесијас му додаде перфектна топка од десната страна. Мајорал можеше да избере на кој начин да шутира кон мрежата, но ја промаши топката и остана со еден гол во три натпревари оваа сезона.