Дома Фудбал Англија ВИДЕО: Ливерпул „мириса“ на шампионски тим, Арсенал понижен на „Енфилд“!

ВИДЕО: Ливерпул „мириса“ на шампионски тим, Арсенал понижен на „Енфилд“!

20-тото коло во Премиер лигата и денешниот термин од 18:30 часот ни го донесе дербито во Премиер лигата помеѓу Ливерпул и Арсенал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ливерпул денес уште еднаш ја покажа шампионската игра и го демолираше Арсенал со убедливи 5:1!

Натпреварот за Арсенал не започна лошо, Најлс постигна погодок за 0:1 уште во 11-тата минут, но тогаш Роберто Фирмино во период од една минута постигнува два гола за целосен пресврт.

Садио Мане во 32-та минута зголеми на 3:1, за Салах во финишот од полувремето од пенал да погоди за 4:1.

Во второто полувреме Ливерпул продолжи да напаѓа и веднаш на стартот имаа две прилики, кои не ги реализираа. Во 65-тата минута „црвените“ добија нов пенал. Шанса за хет-трик доби Фирмино кој така ги постави конечните 5:1.

Ливерпул сега на 3-ти јануари го очекува уште еден дерби натпревар во кој ќе гостува кај бранителот на трофејот Манчестер Сити.





Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Њукасл одби голема понуда за Тонали

Њукасл ја одбил понудата од 80 милиони фунти од Тотенхем за Сандро Тонали, пренесува ̶…