Дома Останати Тенис Видео: За децата во Африка – Федерер играше заедно со Бил Гејтс и изгуби поен од девојчето кое собира топки

Видео: За децата во Африка – Федерер играше заедно со Бил Гејтс и изгуби поен од девојчето кое собира топки

Во „мечот за Африка“, Роџер Федерер, Џек Сок и Бил Гејтс ги воодушевија навивачите.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Мечот за Африка“ во Сан Хозе е егзибициски турнир на кој се собраа повеќе од 2.5 милиони долари кои ќе бидат наменети за образување на децата во Африка. Никогаш претходно Федерер не настапил во Сан Хозе, па трибните беа полни, а сите беа воодушевени што го гледаат еден од најголемите тенисери во историјата.

Федерер играше против Џек Сок, а претходно заедно со Бил Гејтс.

Швајцарецот беше подобар од Сок но го надмурди едно од девојчињата кои беа задолжени за собирање на топчињата. Таа покажа големо тениско знаење и го воодушеви Федерер со еден потег.

Се на се, турнирот беше вистинска забава, добар тенис, а што е најважно се собраа пари за децата во Африка.

Спектакуларно и корисно.

В

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Толку од рекордот на Ѓоковиќ: Синер е страшен, ги руши сите граници!

Јаник Синер без многу напор стигна до полуфиналето на Мастерс турнирот во Рим. Зошто пробл…