Ваљадолид и Еспањол вчера одиграа 1:1 во отварањето на шпанското првенство, а и двата голови кои ги видовме на овој натпревар беа фантастични.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Еспањол до водство стигна во 20-тата минута кога Борха Инглесијас на феноменален начин ја погоди мрежата на ривалот. Страшниот шут од дваесетина метри предизвикува вистинско воодушевување кај сите на стадионот.
Долго време Еспањол имаше предност, се до 91-та минута кога од слободен удар на фантастичен начин изедначи Даниеле Верде.