Дома Останати Кошарка НБА Видео: Вестбрук блесна, Сан Антонио падна!

Видео: Вестбрук блесна, Сан Антонио падна!

Оклахома на домашен терен го совлада Сан Антонио со 104:94, a Расел Вестбрук го забележа 19.трипл-дабл сезонава.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Расел Вестбрук со трипл дабл ја предводеше Оклахома до победатаи мечот го заврши со 21 поен, 12 скока и 10 асистенции. Тој го забележа 19. трипл дабл во сезоната, а 98. во кариерата. Значаен придонес во триумфот на Оклахома дадоа играчите од клупата кои комбинираа 50 поени.

Покрај Вестбрук уште шестмина играчи на Тандер постигнаа двоцифрен број на поени.Најефикасни во редовите на Сан Антонио беа Руди Геј и Давис Бертанс со по 14 поени.

Останати резултати:

Шарлот – Феникс 122-115
Мајами – Вашингтон 129-102
ЛА Клиперс – Орландо 113-105
Далас – Мемфис 114-80

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Неверојатно: Линдзи Вон почна да тренира 25 дена по страшната повреда

Американската скијачка Линдзи Вон повторно го остави светот без зборови. Само 25 дена по с…