Дома Фудбал Видео: Ваков ‘судир’ меѓу фудбалер и судија веројатно никогаш не сте виделе

Видео: Ваков ‘судир’ меѓу фудбалер и судија веројатно никогаш не сте виделе

Натпреварот од 15. коло во турската Суперлига помеѓу Бурсаспор и Анталијаспор го одбележа момент кој не се гледа толку често на фудбалските терени.

Анталија славеше со 2:0, па домашните фудбалери беа нервозни повеќе од потребното. Најдобро тоа се забележа во 61. минута, кога играчот на Бурсаспор Алано почна жестоко да му протестира на судијата.

Сепак, следуваше интересен одговор од арбитарот. Фират Ајдинус му се приближи на Алано и го ‘замрзна’ со погледот, па фудбалерот на Бурса сам се повлече.

Инаку, Ајдинус со своите 45 години е еден од поискусните судии во турската лига кој добро знае што да работи во ситуација како оваа.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Седлоски по дебаклот: Извинување за нулата, одлуката за иднината ќе почека

Македонија ја заврши Лигата на нации со шест порази, а Гоце Седлоски се извини и ја остави…