Дома Фудбал Репрезентации Видео: Аргентина доби „шамар“ од Нигерија

Видео: Аргентина доби „шамар“ од Нигерија

0

Репрезентацијата на Аргентина ги одмери силите со Нигерија во пријателски натпревар и доби сериозна опомена пред Светското првенство. Имено, „гаучосите“ иако водеа со 2:0 на крајот примија четири гола за конечни 2:4.

Аргентинците поведоа со голот на Банега во 27-та минута, а десет минути подоцна Серхио Агуеро го зголеми водството на 2:0. Меѓутоа, само минута подоцна Икеначо погоди за 2:1 и им ја врати надежта на Нигеријците.

Во второто полувреме Сампаоли направи многу промени и тоа ги чинеше „гаучосите“. Нигерија имаше вистинско шоу и најпрво преку Ивоби изтамни на 2:2 во 54-та минута, а две минути подоцна Идову им донесе водство на Африканците. Фудбалерот на Арсенал во 73-та минута погоди за конечни 2:4.

Потсетуваме, Лео Меси не играше на овој натпревар бидејќи доби поштеда и порано отпатува за Барселона.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In Репрезентации

Проверете

Германскиот репрезентативец признава: Поради тероризмот размислував да го напуштам фудбалот

Фудбалерот на Борусија Дортмунд и репрезентативецот на Германија беше дел од натпреварот п…