Дома Фудбал Италија Веќе се најавува кој ќе биде новата „10-ка“ на Јувентус

Веќе се најавува кој ќе биде новата „10-ка“ на Јувентус

Уште пред еден месец стана познато дека Паоло Дибала ќе го напушти Јувентус на крајот од сезоната. Дибала во јуни станува слободен играч бидејќи му истекува договорот и истиот нема да биде продолжен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Со заминувањето на Дибала ќе се ослободи и дресот со број 10, а тој според „Газета дело Спорт“ ќе му припадне на Федерико Киеза. Во Јувентус сметаат дека „10-ката“ на некој кој се очекува да има голема улога и во иднина. Душан Влаховиќ го гради имиџот со бројот „седум“ па така за Киеза ќе биде „10-ката“.

„Го нема талентот на Аргентинецот, но во себе ја носи вредноста на клубот и може да стане симбол на Италија, млад, страшен играч и има ДНК на Јувентус“, пишува Газета.

Киеза во Јувентус дојде од Фиорентина пред две години. Прво беше испратен на позајмица, а „старата дама“ го откупи неговиот договор за околу 50 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

УЕФА повторно се заканува со бојкот на турнирите на ФИФА поради Инфантино

Од УЕФА потврдија дека ќе го бојкотираат Светското првенство, како и сите турнири под закр…