Дома Трансфер зона Вечерва состанок на „Камп Ноу“ за иднината на Кутињо

Вечерва состанок на „Камп Ноу“ за иднината на Кутињо

Следниот месец ќе биде од големо значење за иднината на Филипе Кутињо во Барселона, пренесуваат каталонските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бразилецот го загуби местото во стартниот тим, а ситуацијата ја прават деликатна 160-те милиони евра кои клубот ги даде за неговиот потпис.

Кутињо е најскапото засилување во историјата на клубот, а се претвори во „луксузна резерва“, бидејќи не се вклопува најдобро во тактиката на тренерот Ернесто Валнерде.

Каталонски „Спорт“ пренесува дека денес ќе се одржи состанок на „Камп Ноу“ каде покрај раководството на Барселона ќе присуствува и агентот на Бразилецот, Киа Јорабчијан, кој пристигна за мелот во ЛШ против Манчестер Јунајтед

Клубот не мисли за задолжителен трансфер, но доколку работите не се променат во следниот месец, тогаш Кутињо на лето сигурно ќе го напушти „Камп Ноу“.

Според медиумите Барселона е спремна да го продаде Кутињо доколку пристигне понуда повисока од 100 милиони евра, а интерес за Бразилецот покажуваат Манчестер Јунајтед и ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…