Дома Фудбал Останато Венгер ја заврши тренерската кариера, официјално има нова работа!

Венгер ја заврши тренерската кариера, официјално има нова работа!

Бившиот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер и официјално стави крај на тренерската кариера и започна нова работа како амбасадор во ФИФА.

Французинот ќе биде задолжен за глобалниот развој на фудбалот, а денес лично претседателот Инфантино го претстави Венгер во новата улога.

Во последните недели Венгер силно беше поврзуван со клупата на Баерн Минхен, но после добивањето на функција во ФИФА тренерската работа за него е минато.

„Со нетрпение очекувам да го започнам овој важен предизвик. Не само затоа што секогаш сум сакал да го анализирам фудбалот од поширока гледна точка, но и затоа што мислијата на ФИФА како раководен орган е навистина глобална“, изјави Венгер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Рој Кин со жестока критика за Кол Палмер: „Заборавете дека ќе ја однесе Англија до трофеи“

Легендарниот ирски фудбалер Рој Кин упати жестоки критики кон англискиот репрезентативец К…