Дома Фудбал Останато Венгер се чуди: Како може тренерот кој освои 11 од 12 можни трофеи да го нема никаде четири години?

Венгер се чуди: Како може тренерот кој освои 11 од 12 можни трофеи да го нема никаде четири години?

Лорен Блан е голем европски тренер, но легендарниот Французин веќе четири години е без ангажман.

За времето додека го тренираше ПСЖ (2013-2016) Блан освои 11 од можните 12 домашни трофеи, а Парижаните без Мбапе и Нејмар играа одличен фудбал. Блан после 2016 година едноставно исчезна од фудбалската сцена.

Богатите сопствениците на ПСЖ го сменија пред четири години и на негово место го доведоа Унаи Емери, а денес двајцата се без работа. Но, Емери во меѓувреме го водеше Арсенал, сепак вистинска мистерија е како Блан и понатаму е слободен.

Се поврзуваше низ медиумите со неколку клубови, меѓутоа се завршуваше на тоа. Тоа го зачудува и Арсен Венгер.

„Лорен Блан е фантастичен тренер. Освои 11 од 12 можни трофеи во ПСЖ. Може ли некој да ми објасни зошто четири години е без клуб“, изјави Венгер.

Блан веројатно е уште еден доказ дека во фудбалот работите се менуваат, па тренерите некогаш се отпушаат и кога работат добро. Таков е примерот и на Франк Рајкард кој „преку ноќ“ исчезна од тренерската сцена. Беше шампион на Европа со Барса, работеше во Галатасарај и Саудиска Арабија, а потоа го снема и веќе седум години нема клуб.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Жунињо: Нејмар е алчен за пари како и секој Бразилец

Бразилската легенда, Жунињо Пернамбукано удри по Нејмар кој според него го интересираат са…