Дома Фудбал Венгер призна: Арсенал ја загуби душата

Венгер призна: Арсенал ја загуби душата

Легендарниот менаџер Арсен Венгер тврди дека Арсенал ја загубил душата откако го напушти стадионот „Хајбери“.

Сезонава „топчиите“ сменија дури два тренери, но и под водство на Микел Артета, Арсенал се уште е далеку од старата слава.

Арсен Венгер, кој 22 години ги предводеше „топчиите“, како една од причините за падот на екипата е заминувањето од легендарниот стадион „Хајбери“.

„Се преселивме од Хајбери кој беше како Енфилд, а имавме душа на тој стадион. Изградивме нов, но никогаш не ја вративме душата, остана на Хајбери. Никогаш не можевме да ја повториме атмосферата, пред се од безбедносни причини“, изјави Венгер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Халанд го презеде врвот, Бруно падна дури на 11. место во изборот на „Скај спортс“

Новинарите на „Скај спортс“ ја обновија листата на 25 најдобри играчи во Премиер лигата. Х…