Дома Македонски спорт Мак баскет Вајли пред Украина: Не чека уште еден тежок меч и нов предизвик за нашиот млад тим!

Вајли пред Украина: Не чека уште еден тежок меч и нов предизвик за нашиот млад тим!

Вечерва во Киев, македонската сениорска репрезентација ќе го игра вториот натпревар од квалификациите за пласман на Светскиот Куп во 2023 година.

Двете селекции го дочекуваат вечерашниот меч во „Палатата на спортовите“ во Киев (18 часот)  со стартни порази во квалификациите.

Ние загубивме на домашен терен од актуелниот бранител на светската круна, селекцијата на Шпанија (65:94), Украина пак загуби на гостувањето во Тбилиси, каде Грузија беше подобра (88:83).

Џејкоб Вајли беше стандардно добар и на првиот во Скопје. За нецели 16.минути собра десет поени и пет скока, и уште еднаш потврди дека е едeн од носителите на играта на нашата селекција.

„Што може да се очекува од овој натпревар? Украина има доста добар тим, и сигурно е дека не очекува еден тежок меч. Ова е уште еден предизвик за нашиот млад тим, да покаже дека навистина може да игра против вака силни репрезентации, како на пример, шпанската. Она што се очекува од нас е да се бориме за секоја топка, за секој посед, сите да ја дадеме енергијата на теренот, па ќе видиме што ќе излезе од сето тоа. Мора да го имаме оној натпреварувачки дух потребен за вакви натпревари во кои се бориме за пласман на Светскиот Куп“. смета Вајли.

Во вториот меч од оваа група, од 20.30 часот, во Хуен, Шпанија ја пречекува селекцијата на Шпанија. Една од нив ќе го заврши ноемврискиот ФИБА „прозорец“ со максимален ефект.

Инаку, натпреварот помеѓу селекциите на Украина и на Македонија кој се игра вечерва, ќе биде пренесуван на Спорт клуб HD 2,

Фото: КФСМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Реал има список од шест таленти за апсолутна доминација

Шпанскиот гигант Реал Мадрид бара засилувања за иднината, а „Марка“ пишува дека веќе е нап…