Дома Трансфер зона Варди пред трансфер во англискиот гигант!

Варди пред трансфер во англискиот гигант!

0

Напаѓачот на Лестер Сити, Џејми Варди би можел во јануарскиот трансфер период конечно да го напушти Лестер.

Од почетокот на шампионската сезона на Лестер англиските медиуми го поврзуваат Варди со многу клубови, а најчесто спомената беше можноста да се пресели во Арсенал. Сепак, тој сите овие години остана на „Кинг Пауер“, а вчера наполни 31. година. Без оглед на се, за Варди се појави нова можност да ја промени средината и да се пресели во голем клуб, а тоа би можело да биде Манчестер Јунајтед, јавува „The Telegraph“.

Наводно Варди е една од трите јануарски желби на Жозе Мурињо, а освен него во игра се и Санчез од Арсенал и Чичарито од Вест Хем. Како што пренесува истиот извор, Варди би требало да биде најскапата опција за Јунајтед, бидејќи Лестер наводно не би го пуштил за помалку од 35 милиони фунти.

Потсетуваме, Варди во текот на оваа сезона одигра 21 натпревар во Премиер лигата и постигна девет гола со една асистенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Повеќе V. T.
Load More In Трансфер зона

Проверете

Готово: Сити на чекор од првото летно засилување

Новиот англиски шампион, Манчестер Сити е на чекор да го обезбеди првото големо засилување…