Големите ривали и главни фаворити за титулата, Вардар и Шкендија дожовеаа порази на денешните гостувања кај Ренова, односно Борец.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Човекот кој му пресуди на Вардар во Тетово беше Арџент Гафури кој беше двоен стрелец и тоа од белата точка. Прво го совлада Гачевски во 6 минута, а потоа истото го потврди и во 62 минута.
Шкендија не го искористи киксот на Вардар за да ја намали разликата и беше поразена на гости кај Борец. Домаќините после првите 45 минути имаа предност од 2:0 со головите на Радовиќ.
Во второто полувреме Борец продолжи со исти темпо, па до 78-та минута постигна уште два гола. На крајот Шкендија успеа во последните десетина минути да го ублажи поразот со головите на Алими (4:2)