Дома Македонски спорт Мак ракомет Вардар и Еурофарм ги добија противниците во СЕХА лигата

Вардар и Еурофарм ги добија противниците во СЕХА лигата

Вардар и Еурофарм Работник ги добија противниците во групите од СЕХА лигата која од оваа година ќе се игра во поинаков формат.

Според новиот формат, наместо една, сега се формирани две групи, „А“ и „Б“. Секоја група ќе има по шест тима, бранителот на трофејот Вардар се наоѓа во групата А, а Еурофарм Работник кој дебитира се најде во групата Б.

Бранителот на трофејот, Вардар ја доби полесната група, ќе игра против Нексе, Татран Прешов, Војводина, Татабања и Мотор.

Еурофарм Работник е во група со ППД Загреб, Мешков Брест, Металопластика, Веспрем и Пекинг Спорт Универзити.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Подмладениот тим на Вардар декласиран од Нексе

Еурофарм со 33:21 славеше на гостувањето кај Спартак Москва, Вардар со вториот тим настапи…