Дома Македонски спорт Мак ракомет Вардар директно во групната фаза во Лигата на шампиони

Вардар директно во групната фаза во Лигата на шампиони

0

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги објави имињата клубовите кои добија директно место во групите од Лигата на шампионите за сезоната 2019/2020, а тука секако беше македонскиот и европски шампион Вардар.

„Црвено-црните” ќе играат во А или Б групата, кои според квалитетот се најсилни. На 27 јуни ќе биде извршена ждрепката кога ќе бидат и познати противниците.

Треба да се спомене дека уште две македонски екипи се пријавија за вајлд-карта за настап во елитното натпреварување, а тоа се Металург и Еурофарм Работник.

Македонските тимови ќе се борат со Нант, Шамбери, Кил, Пик Сегед и многу други за дополнтелно место во ЛШ, па останува да видиме дали ќе имаат среќа и тие да настапат во елитното натпреварување.

Фото: РК Вардар

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Писонеро: Беше тешко, но верувавме во себе!

Европскиот и македонски шампион Вардар ја запиша втората победа во ЛШ оваа сезона, прва пр…