Денеска се одигра и 16. коло во Првата македонска фудбалска лига, а најголемото изненадување го направи Струга ТЛ која ја победи Шкендија со 2:1.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Вардар пропушти голема шанса да стигне до есенската круна на две кола пред крајот на полусезоната, откако одигра реми во Кратово против Силекс (2:2).
„Црвено-црните“ имаа предност од 2:1 до четири минути пред крајот со головите на Тошевски и Цветаноски, но Силекс во 86-та минута преку Костовски стигна до реми.
Сепак, Вардар ја зголеми предноста пред Шкендија која беше поразена на гостувањето во Струга (2:1), но и пред Акандемија Пандев која беше поразена од Шкупи (3:1)