Дома Македонски спорт Мак ракомет Вардарки во Унгарија без Лекиќ и Бајрамовска

Вардарки во Унгарија без Лекиќ и Бајрамовска

0

ЖРК Вардар ќе се обиде да стигне до петтата победа во петтиот меч од Лигата на шампионите против унгарскиот ФТЦ во Будимпешта, без повредените Андреа Лекиќ и Мирјета Бајрамовска.

Дуелот со ФТЦ ќе го одлучи победникот во групата, откако Вардар веќе обезбеди пласман во следната фаза, и доколку победат на тешкото унгарско гостување ќе пренесат повеќе поени во наредниот циклус ако ФТЦ го освои второто место.

„Не очекува тежок меч. ФТЦ сега е во налет откако го победија во домашното првенство и тимот на Ѓер. Ние сигурно ќе бараме начин како да ги сопремен нивните најдобри ракометарки, Сучански, Ковачич и Пена. Спремни сме, правевме добра анализа. Ќе ни недостасува многу Лекиќ. На тој меч во Скопје Лекиќ одигра многу добро. Ние ќе треба да играме концентрирано во текот на целиот меч“, изјави Ирина Дибирова.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In Мак ракомет

Проверете

Давитков одлучи: На репрезентацијата ќе и помага Ричард Хендрикс

Ричард Хендрикс е големото засилување за кошаркарската репрезентација на Македонија пред п…