Дома Фудбал Варан и киксот на Муслера и обезбедија полуфинале на Франција (видео)

Варан и киксот на Муслера и обезбедија полуфинале на Франција (видео)

Со денешниот натпревар од 16:00 часот беа отворени четвртфиналните средби на Мундијалот во Русија.

Се сретнаа Уругвај и Франција, а на крајот за место во полуфиналето се избори селекцијата на Франција.

Французите во овој натпревар како да одиграа онолку колку што е потребно, без преголема доминација стигнаа до сигурна победа. Првиот гол Франција во 39 минута кога после еден изведен прекршок на Антоан Гризман највисок во шеснаесетникот беше Рафаел Варан. Само неколку минути подоцна Уругвај дојде во прилика да изедначи, но ударот на Мартин Касерес го одбрани Муслера.

Во вторите 45 минути гледавме мирна игра без многу прилики за погодок на двете страни, а одлучувачкиот гол падна во 61 минута и тоа по една голема грешка на чуварот на мрежата на Уругвај.

Гризман упати удар од далечина, а Муслера во „стил“ на Кариус од финалето во Лигата на шампионите ја испушти топката која заврши во неговата мрежа.

„Галските петли“ својот противник во полуфиналето ќе го добијат вечерва од натпреварот во кој ќе се сретнат Белгија и Франција


Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Двапати водеше против Јувентус, но Ваноли не се задоволува со бод: Треба да бидеме лути!

Фиорентина испушти две предности во ремито 2-2 со Јувентус, а Паоло Ваноли побара неговите…